Киднапираната мексиканска локална политичарка пронајдена мртва

Од:

Tелото на политичарката Анел Буено е пронајдено еден месец откако таа заедно со уште три лица беше киднапирана од група вооружени лица, изјави претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Тие беа киднапирани на 29 април, кога беа во посета на градот Икстлахукан, источно Мексико. Нивните запалени тела се пронајдени на околу 30 километри од местото каде беа киднапирани.

Буено беше членка на владејачката партија Национално движење за обнова, како и претставничка на западната сојузна држава Колима.

Во Мексико минатата година беа регистрирани речиси сто убиства секој ден. Убиствата главно се должат на картелите и бандите вклучени во трговија со дрога, киднапирање и уцени. Повеќето кривични дела во земјата не се процесуирани ниту решени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страв и паника кај миграните: Тихуана е во вонредна состојба

ВИДЕО: Серија разорни земјотреси, паника во Мексико

ВИДЕО: Мексиканец се обидел да киднапира авион и да го упати кон САД, го спречиле патниците

ДЕА: 15 милиони долари за информации што би довеле до апсење на Ел Менчо, водач на озлогласениот картел CJNG

А1он

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел