Вооружени лица пред џамијата Мајдугуриј го киднапирале поранешниот нигериски министер за нафта, Шетимa Али Монгуно.
Монгунo беше министер за нафта во Нигерија 70-тите години, а во 1972 година беше претседавач на Организацијата на држави извезувачи на нафта.
-Киднаперите не контактираа и нагласија дека мојот татко е во ред. Тие бараат пари-изјави синот на поранешниот министер, Абубакар Али Монгуно, одбивајќи да каже за колкава сум на пари се работи.
За сега ниту една организација не презеде одговорнот за напад и киднапирање, меѓутоа исламистичката група „Боко Харем“ е одговорна за низа убиства и киднапирања во и околу градот Мајдугурија, истакнува „Франс прес“.
Елена Георгиевска