Кетрин Расел е новата директорка на УНИЦЕФ

Од:

Кетрин Расел, висок функционер во администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, е назначена за шеф на Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ), соопштија официјално од ОН.

Расел (60) моментно е шеф на кабинетот на претседателот на Белата куќа и негов помошник.

Назначена од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, Расел ќе ја замени Американката Хенриета Фор, која поднесе оставка во јули поради семејни причини.

Во текот на нејзината кариера, Расел се залагаше за жените и девојчињата како висок советник на Комисијата за надворешни односи при Сенатот и како амбасадор за глобални женски прашања во администрацијата на Барак Обама, се наведува во соопштението на Белата куќа.

– Ќе ни недостасува Кети. Но, нашата загуба е добивка за УНИЦЕФ, бидејќи децата низ светот ќе имаат побогат, побезбеден и поздрав живот како директен резултат на лидерството на Кети во оваа нова улога, се вели во соопштението.

УНИЦЕФ е агенција на ОН предводена од 36-член одбор на директори кои ги претставуваат петте регионални групи на земји-членки на ОН: Африка, Латинска Америка и Карибите, Азија-Пацифик, Источна Европа и Европа.

Би можело да ве интересира

УНИЦЕФ: Најмалку 100 деца се убиени или ранети секој ден во Појасот Газа од 18 март

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства