Кери: Значајни резултати на коалицијата во борбата против џихадистите

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека Ирак и партнерите од меѓународната коалиција оствариле голем број цели во борбата против џихадистите од Исламска држава, убивајќи илјадници нивни борци и 50 отсто од командниот кадар.

На состанокот на министрите за надворешни работи на меѓународната коалиција која се бори против ИД кои имаа состанок во Лондон, Кери наведе дека ирачките копнени сили поддржани од речиси 2.000 воздушни удари на коалицијата, повторно зазеле 700 квадратни километри претходно освоена територија и оти бројот на убиени џихадисти е повеќе илјади.

Кери нагласи и дека меѓународната коалиција „може и подобро“ во запирањето на приливот на финансиски средства и странски борци за ектремистичката група и глобалното ширење на нивната пропаганда.

Американскиот државен секретар имаше состанок со британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд, ирачкиот премиер Хајдер ал Абади и официјални претставници од 21 држава на еднодневна конференција на меѓународната коалиција против ИД која контролира голем дел од Сирија и Ирак.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија