Кери во ненајавена посета на Авганистан

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери допатува денеска во Авганистан, на преговори со претседателот Хамид Карзаи за Билатералната безбедносна спогодба, која треба да биде постигната до 31 октомври.

Оваа спогодба подразбира одлука дали силите на САД ќе останат во Авганистан и после 2014 година.

– Секретарот Кери всушност не доаѓа за да го склучи договорот. Тој доаѓа да ги поттикне преговарачите и да помогне да се создадат услови за преговорите да се интензивираат, изјави висок функционер на Стејт департментот.

САД планираат да ги повлечат повеќето од 57.000 војници во Авганистан до 2014 година, а потоа, уште одреден период, таму да останат околу 10.000 војници.

Би можело да ве интересира

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Америка: Скијачи загинаа во лавина на планината Лон Пик во Јута

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација