Американскиот државен секретар Џон Кери допатува денеска во Авганистан, на преговори со претседателот Хамид Карзаи за Билатералната безбедносна спогодба, која треба да биде постигната до 31 октомври.
Оваа спогодба подразбира одлука дали силите на САД ќе останат во Авганистан и после 2014 година.
– Секретарот Кери всушност не доаѓа за да го склучи договорот. Тој доаѓа да ги поттикне преговарачите и да помогне да се создадат услови за преговорите да се интензивираат, изјави висок функционер на Стејт департментот.
САД планираат да ги повлечат повеќето од 57.000 војници во Авганистан до 2014 година, а потоа, уште одреден период, таму да останат околу 10.000 војници.