Кери: Вашингтон прифаќа договорено заминување во разумно време на Асад

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека САД го промениле ставот за сирискиот претседател Башар ал Асад и дека повеќе не инсистираат на негово итно заминување, туку се согласни со негово „договорено“ заминување во разумно време.

– Потребна е мирна транзиција, контролирана транзиција, да се избегне страв од одмазда, губење на животи, освета, истакна Кери за Си-Ен-Ен, залагајќи се за промена на раководството во разумно време во рамки на договорен транзиционен период.

Според Кери, ако заминувањето на Асад биде премногу брзо, тоа ќе предизвика внатрешна експлозија што Сирија ќе ја оддалечи од мир.

Сепак Асад мора да замине. Бидејќи додека Асад е таму, мирот едноставно е недостижен. Точка, порача американскиот државен секретар.

Кери, исто така, нагласи дека активното вклучување на Русија во сириската криза е можност за САД за решавање на кризата, но дека Москва би можела да се најде во „комплицирана“ ситуација поради присуството во Сирија.

Според него, ако Русија застане на страна на Асад, Иран и Хезболах, ќе има многу сериозен проблем со сунитските земји во регионот и би можела да стане цел на сунитски џихадисти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка