Кери со повик до СБ на ОН идната недела да донесе резолуција за Сирија

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери го повика Советот за безбедност на ОН да донесе следната недела резолуција со која ќе се побара од Сирија да го почитува планот за уништување на нејзиното хемиско оружје.

– Советот за безбедност треба да се подготви да дејствува следната недела. Особено е важно меѓународната заедница да се изјасни јасно и силно, во следните денови во ОН, нагласи Кери.

– Важно е да се добие резолуција на Советот за безбедност на ОН која најкатегорично ќе изрази значење на преземање акции за да се отстрани од нашата планета сирискиот хемиски арсенал, изјави Кери.

Петте постојани членки на СБ на ОН од понедленикот се обидуваат да се договорат за „силна и обврзувачка“ резолуција за уништување на хемиското оружје во Сирија. Во интервју за Фокс њуз, сирискиот претседател Башар Асад изјави дека државата ќе го уништи хемиското оружје и наведе дека таа операција ќе чини една милијарда долари и ќе биде потребен период од една година.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија