Кери: САД во 2016 година ќе примат 85.000 бегалци

Од:

САД ќе примат уште 15.000 бегалци од целиот свет следната година, со што нивниот број ќе се зголеми на 85.000, како и на 100.000 во 2017 година, изјави денеска американскиот државен секретар Џон Кери по средбата со германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер во Берлин.

Кери не објави колку ќе бидат бегалци од Сирија, но ја истакна подготвеноста на САД да помогнат.

– Во консултација со Конгресот, ќе продолжиме со барање начини за зголемување на оваа бројка, истовремено одржувајќи цврста безбедност, истакна Кери.

Најавата на Кери доаѓа пред вонредниот самит на лидерите на ЕУ на 23 септември, на кој ќе се разговара за начините за решавање на бегалската криза.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак