САД и Иран имаат „заеднички интерес“ да се борат против Исламска држава иако не соработуваат воено против радикалната група, призна вчера државниот секретар на САД, Џон Кери.
– Имаме заеднички интерес, но не и соработка, изјави Кери пред комисија во американскиот Конгрес по повод борбата против ИД во Ирак и Сирија. Вашингтон и Техеран се во момент на финални разговори за иранската нуклеарна програма.
САД веќе ја признаа улогата која шиитски Иран ја игра во воените односи против ИД, но за првпат толку висок американски претставник зборуваше за „заеднички интерес“, наведуваат американски медиуми.
Во одговор на прашање за односите меѓу Вашингтон и Техеран, Кери изјави: – Тие прават нешто со што ни помагаат, например кога војуваат против ИД, но ние не сме координирани со нив, не роботиме на тоа прашање и не сме побарале од нив тоа да го прават“.