Кери: Присуството на руски авиони во Сирија отвора сериозни прашања

Од:

САД се сериозно загрижени поради стационирањето на руски воени авиони во Сирија, кои би можеле да претставуваат закана за американските и сојузничките воени сили во регионот, изјави американскиот државен секретар Џин Кери.

– Присуството на (руски) авиони опремени со ракети воздух-воздух отвора сериозни прашања, изјави Кери во Лондон, каде се сретна со шефот на британската дипломатија Филип Хамонд.

Неименувани официјални американски претставници вчера обвинија дека Русија распоредила свои авиони-ловици во воена база во близина на сирискиот град Латакија, кој важи за упориште на силите лојални на претседателот на Сирија, Башар ел Асад.

Според истите извори, руските авиони би можеле да гаѓаат и цели на земја, со што би им пружиле воздушна поддршка на сириските владини сили на теренот.

Русија засега не ги коментираше ваквите тврдења, но призна дека и доставува воена опрема на Сирија, со цел како што нагалси, да и помогне во борбата против тероризмот.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак