Кери: Ниту една земја не треба да биде зависна од друга за испораките на енергенси

Од:

Ниту една земја не треба да биде зависна од друга земја во енергетските испораки, изјави американскиот државен секретар Џон Кери по средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов.

САД се подготвени да и помогнат на Бугарија, која донесе тешки одлуки   за да ја обезбеди својата иднина, да привлече инвестиции и да создаде план за енергетска иднина на Бугарија, посочи Кери.

Во Бугарија ќе испратиме енергетски експерт кој ќе работи со Министерството за енергетика за да им помогне во разработката на таквиот план, информира тој.

Џон Кери и Бојко Борисов ги разгледале и прашањата поврзани со зголемувањето на енергетската безбедност како во Бугарија, така и во цела Европа.

-Многу е важно да се постигне диверзифисикација на изворите и зголемување на поврзаноста со соседите, рече Кери.

„САД целосно ги поддржуваат плановите на Бугарија за реформирање на судскиот систем“, посочи уште американскиот државен секретар.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски