Кери: Лани во светот загинал 71 новинар, а 200 биле затворени

Од:

Седумдесет и еден новинар во светот лани загинал при извршување на работните задачи и околу 200 биле сместени во затвор, изјави синоќа американскиот државен секретар Џон Кери за време на церемонијата на отварање на нова зграда на весникот „Вашингтон пост“.

Според него претходно повеќето новинари животот го губеле случајно, на пример од залутан куршум или при активирање на противпешадиска мина.

– Но сега не е така – рече Кери и додаде дека околу две третини од новинарите загинале при насилна смрт, односно биле нападнати поради тоа што го напишале или пак биле убиени за да не пишуваат за одредени случувања, на кои биле сведоци.

Кери нагласи дека во повеќето случаи убијците на новинарите не се откриени.

– Сега, во 21 век една шестина од луѓето во светот живеат во земји, каде медиумите се вистински слободни – заклучи Кери.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски