Кери бара паузирање во интервенциите против Јемен

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери побара да се паузира во војната против Јемен, наведувајќи ги како причина недостигот на храна, гориво и лекови, што дополнително ја влошува кризата во таа земја.

Кери ова го изјави по пристигнувањето во Саудиска Арабија, каде треба да разговара со саудискиот крал и други високи претставници.

Тој додаде дека САД се длабоко загрижени поради се полошите хуманитарни услови во Јемен.

Мисијата на Јемен во ОН побарала копнена интервенција како одговор на офанзивата на бунтовниците во јужниот дел од земјата и апелирала на организациите за заштита на човековите права да ги документираат „варварските злосторства“ на Хутите.

Би можело да ве интересира

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД