Кери: Акциите против ИД да не бидат ограничени само на Ирак и Сирија

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери од Конгресот побара американските воени акции против екстремистите од Исламска држава да не бидат ограничени само на Ирак и Сирија и да не го спречува претседателот Барак Обам во распоредувањето трупи на теренот каде што ќе биде неопходно, пренесуваат американските медиуми.

Кери денеска побара продолжување на правосилноста на сегашните американски воени акции против екстремистите од Исламска држава за следните три години.

Претседателот Обама всушност ги користи овластувањата од Конгресот на кои се потпираше и поранешниот претседател Џорџ Буш по терористичкиот напад врз САД, на 11 септември 2001 година.

Конгресот, имено, според Уставот е единствениот надлежен за одобрување воени операции.

Американскиот државен секретар кажа дека САД веројатно нема да ги шират воените акции надвор од Ирак и Сирија, но дека ќе биде грешка ако на екстремистите им се испрати пораката дека се безбедни надвор од овие две држави.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија