Кенеди: Одлуката на Бајден да ги мобилизира резервните сили значи подготовка за војна против Русија

Од:

Кандидатот за претседател на САД, Роберт Кенеди Јуниор, одлуката на актуелниот претседател на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден за мобилизирање на резервните сили ја оцени како подготовка за војна против Русија.

„Бајден штотуку повика 3.000 резервисти за да ги зголемат американските сили во Европа како дел од операцијата „Атлантска решителност“. Сакам луѓето да разберат за што е оваа мобилизација. Ова е подготовка за копнена војна со Русија“, рече Кенеди.

Претходно медиумите објавија дека Бајден ја овластил армијата да повика 3.000 резервисти чија задача ќе биде да ги поддржуваат операциите во Европа.

Поранешниот американски лидер Доналд Трамп на 14 јули изјави дека Бајден ја турка во војна.

Би можело да ве интересира

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

Трамп објави документи во врска со атентатот на Џон Кенеди

А1он

Aдвокатите кои се занимаваат со чувствителни прашања за националната безбедност итно да ги разгледаат досиејата за атентатот на Кенеди

Трамп: Утре ги објавуваме сите досиеја за атентатот на Кенеди

Роберт Ф. Кенеди е нов министер за здравство на САД

ФБИ откри илјадници нови документи за атентатот на Кенеди