Поранешниот градоначалник на Лондон, Кен Ливинстон ја осуди злоупотребата и манипулацијата со податоците на ЕУ, што групата за Брегзит им ја нудеше на британските гласачи пред референдумот.
– Регулативата што ја носи Брисел е во корист на европските потрошувачи и за заштита на обичните луѓе, а не против суверенста н земјите-членки, како што тоа го тврдат разните националисти и како што беше зборувано во текот на кампањата за референдумот од 23 јуни, вели Ливингстон.
Тој сепак смета дека можеби регулативата е преголема и премногу широка, навлегувајќи во сите делови од секојдневието, па дека затоа можеби треба да подзабави со таквото дејствување.
Според Ливингстон, таквата грижа од ЕУ, ја користат за свои потреби националистите, за да манипулираат со гласачите, извртувајќи ги фактите за ЕУ и плашејќи ги луѓето.
– ЕУ секако ќе мора да се демократизира и да се растовари од бирократијата и бирократското однесување, кои се претвораат во апарат, налик на оној од времето на Сталин и Советскиот Сојуз, предупредува Ливингстон.
Поранешниот градоначалник на Лондон вели дека Брегзит може да има и позитивна улога, ако покрене реформирмирање на Унијата.
– Доколку тоа не се случи, постои ризик британското излегување од ЕУ да покрене домино ефект, што може да го уништи европскиот проект на интерграција, посочува Кен Ливингстон.
Ливингстон, кој е функционер на британската Лабуристичка партија, беше осум години градоначалник на Лондон, пред да го наследи Борис Џонсон.
За својот наследник вели дека никако не можел да стане британски премиер, откако европското интегрирање го спореди со проектот на нацистите на Хитлер за нов поредок во Европа, од Втората светска војна.
Тој смета дека сега, по изгласаниот Брегзит, новата влада во текот на преговорите ќе мора да ги прифати сите правила и регулативи на ЕУ, доколку сака да биде дел од заедничкиот пазар на Унијата.