Кембриџ отвора „Терминатор Центар” за проучување на опасноста од роботи

Од:

Центарот за „Терминатор студии”, во кој водечки научници ќе проучуваат колку роботите претставуваат закана за човештвото, наскоро ќе биде отворен во познатиот универзитетот Кембриџ.

Целта на овој центар ќе биде проучување на четирите големи закани за човештвото – вештачката интелигенција, климатските промени, нуклеарната војна и злоупотреба во биотехнологијата.

Центарот за студии на егзистенцијалниот ризик ќе го отвори Лорд Рис, кралски астроном и еден од најпочитуваните космолози во светот. Во својата последна книга “нашиот последен век”, го предупредува човештвото на авто-деструктивност која би можела да доведе до целосно уништување на човечкиот род до 2100 година.

Идејата дека светот на луѓето ќе го преземат машините често се појавува во sci-fi литературата и филмовите, вклучувајќи го и “Терминатор”, во кој Арнолд Шварценегер игра робот убиец.

Ирвинг Џон Гуд напишал во 1965 година. труд наречен “Шпекулации” во кој се зборува за ултраинтелигентна машина која ќе биде изградена во блиска иднина. Како што тогаш напишал, “машината ќе биде последниот изум на човештвото и ќе доведе до “експлозија на интелигенцијата”.

Гуд сметал дека опстанокот на луѓето на планетата Земја зависи токму од овие машини, а интересно е и дека му бил стручен советник на Стенли Кјубрик за време на снимањето на “Одисеја 2001”. Сега, меѓутоа, научниците тврдат дека создавањето на таква машина може да има погубно дејство врз опстанокот на човештвото.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство