Кемал Дервиш: Турција повторно да го разгледа процесот на пристапување во ЕУ

Од:

Турција би требало да го следи британскиот пат – полноправно членство, а помалку интеграција, оценува поранешниот турски министер за правда Кемал Дервиш.

Во инервју за виенскиот весник „Стандард“ Дервиш оцени дека Турција би требало актуелниот процес на пристапување да го разгледа од нов агол, тоа треба да го стори и Европа.

– Доколку од кризата произлезе нова Европа, тогаш прашањето за членство на Турција се јавува во нова рамка. За двете страни е можеби полесно доколку Турција во таа нова конструкција, која се уште не постои, добие статус како Шведска, Велика Британија или Данска. Со помалку поделен суверенитет, отколку што тоа го имаат Германија, Франција и Австрија, додаде тој.

Дервиш негира дека тоа наликува на старата понуда на привилегирано партнерство, нагласувајќи дека и Велика Британија нема такво партнерство, туку е полноправна членка на Унијата.

– Во новата форма, Европскиот парламент би одржувал две седници. Турските пратеници би седеле заедно со британските и шведските, но не и со германските. Турските Парламентарци не би носеле одлуки за еврозоната, но затоа би учествуале во одлучувањето за други области во Унијата, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина