Келин: Тврдењата на НАТО за учество на групата на „Адмирал Кузнецов“ во Алепо се смешни

Од:

Тврдењата на НАТО за можното учество на групата носачи на авиони „Адмирал Кузнецов“ во воените дејствија во сирискиот град Алепо се смешни. Алијансата нема причина да се грижи поради движењата на групата во Средоземното Море, а над самиот град нема летови на руската воена авијација, изјави претставникот на руското Министерство за надворешни работи, Андреј Келин, пренесува МИА.

– Загриженоста е целосно неоснована, бидејќи веќе деветти ден нема наши авиони дури ни близу до Алепо, објасни Келин и истакна, дека руските воени бродови и претходно поминувале низ Средоземното Море.

– Нема никаква основа за какви било  сомневања, нема никаква основа за изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јанс Столтенберг, нагласи Келин.

Претставникот на руското МНР објасни дека во моментов руската воена авијација воопшто не се доближува до Алепо, и потенцира дека тоа и претходно било изјавено од страна на руското Министерство за одбрана.

– Зошто тогаш да создаваме некакви нејасни претпоставки, и врз основа на нив да упатуваме политички препораки? Се разбира, тоа е смешно, порача рускиот дипломат.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вчера предупреди дека бродовите, кои пловат кон Сирија, можат да бидат користени за напади врз мирното население во Алепо, како и за нанесување на уште воздушни удари.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски