Келин ги откри тајните причини за нападот врз Иран

Од:

Рускиот амбасадор во Велика Британија, Андреј Келин, денес изјави дека агресијата на САД и Израел врз Иран е делумно резултат на политиката на Лондон.

– Всушност, трагичните настани во Иран и низ целиот регион се делумно резултат на политиката на Лондон, која им одеше во прилог на антииранските јастреби во Вашингтон и придонесе за пропаѓање на нуклеарниот договор со Иран од 2015 година (JCPOA), рече Келин, пренесува РИА Новости.

Тој привлече внимание на она што го нарече цинизам на Лондон, кој ги критикува иранските одмазднички напади без да ги осуди воените злосторства против иранското население.

„Конфликтот на Блискиот Исток уште еднаш го разоткри цинизмот на Лондон. Британската влада се преправа дека не забележува кој го започнал конфликтот и кој ја извршил агресијата. Тие го критикуваат Иран за контранапади, како тој да ги започнал. Во меѓувреме, тие замижуваат пред воените злосторства против иранските цивили, вклучително и убиствата на малолетници“, нагласи Келин.

Би можело да ве интересира

Војната брутално влијае на Дубаи: „Имаме пари за да преживееме еден или два месеца, а што потоа?“

Иран соборува американски авиони со нов систем за воздушна одбрана

Аракчи: Иран не ги отфрли разговорите во Исламабад

Горан Наумовски

Трамп: Им остануваат уште 48 часа, потоа следи пекол

Тасним: Иран собори уште еден американско-израелски борбен авион

Медиуми: САД побараа прекин на огнот, Иран одби

Горан Наумовски