КЦТА: Јапонија може да биде прва цел на севернокорејската армија

Од:

Јапонија може да стане првата цел на армијата на Северна Кореја ако Владата во Токио продолжи да води непријателска политика кон Пјонгјанг, се наведува во денешното соопштение на севернокорејската информативна агенција КЦТА.

Во соопштението се упатува предупредување до конзервативната јапонска Влада да не презема избрзани акции и не смета дека ќе биде заштитена од САД.

– Севернокорејците ги помнат воените злосторства на Јапонија и дека потпалувачите на нова војна ќе загинат во нуклеарен оган, се посочува во соопштението.

Весникот на Корејската работничка партија „Нодон синмун“ објави дека Северна Кореја е способна да ги уништи американските бази во Јапонија и други места во Азиско-тихоокеанскиот регион.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови