Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев денеска изјави дека приближно 900 државјани на Франција учествуваат во борбите на Блискиот Исток и оти некои од нив се придружиле на Исламска држава.
Тој наведе дека и покрај напорите на Париз да ги обесхрабри Французите да се приклучуваат кон екстремистичките групи, расте бројот на млади Французи кои војуваат на страна на џихадистите.
– Сега има речиси 900 државјани на Франција кои учествуваат во судирите во Сирија и во Ирак, посочи Казнев.