Казната на Берлускони го доведува во прашање опстанокот на италијанската коалициска Влада

Од:

Италијанските политички лидери денеска повикаа на смирување на страстите по вчерашната одлука на Касациониот суд на Италија, кој ја потврди четиригодишната затворска казна на поранешниот италијански премиер Силвио Берулускони, што може да го доведе во прашање опстанокот на италијанската коалициска Влада, јави ДПА.


Италијанскиот премиер Енрико Лета порача дека политичките партии преку легитимна дебата треба да ги смират страстите, додека лидерот на најголемата политичка сила во владината коалиција, Демократската партија, Гуљелмо Епифани побара пратениците да се однесуваат одговорно и да не ги мешаат судските одлуки со работата на Владата.


Ваквите пораки на Лета и Епифани преставуваат реакција на заканите на партијата Народ на слободата (ПДЛ) на Берлускони, искажани претходните денови, дека ќе ја напушти Владата доколку Судот ја потврди пресудата за нејзиниот партиски лидер.


Без ПДЛ, Владата на Лета нема мнозинство во Долниот дом на италијанскиот Парламент.


Лидерот на најголемата опозициска партија Движењето Пет Ѕвезди, Бепе Грило оцени дека одлуката на Судот ја спореди со „падот на Берлинскиот ѕид“. На својот блог Грило напиша дека Берлускони е „ѕидот што ја одделува Италија од демократијата“.

Би можело да ве интересира

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на италијанско министерство и два аеродроми во Милано

ВИДЕО: По четири дена спасена Италијанката која падна во пештера

Мелони се повлекува од функцијата претседател на Европските конзервативци и реформисти

Порција њоки кобна за 9-годишно девојче во Рим

А1он