Казахстан иницира мировни преговори за Украина

Од:

Казахстан е подготвен да биде домаќин на мировни преговори за Украина и да изготови платфрома за текот на дијалогот, изјави денеска казахстанскиот министер за надоврешни работи Ерлан Идрисов.

– Важно е сите да сфатат дека овој конфликт може да биде решен единствено на мирен начин. За да се случи тоа, прво треба да се обезбеди целосна и вистинска имплементација на Договорот од Минск, изјави Идрисов.

Како што јави „Раша Тудеј“, тој нагласи дека Казахстан е подготвен „да го промовира идниот процес на мировни прегооври“ за Украина и да изработи соодветна платформа за тој дијалог.

Конфрлктот во источна Украина меѓу украинските сили и локалните проруски сепаратисти започна во април 2014 година, по смената на власта во Киев. Во февруари 2015 година, двете страни во Минск случија мировен договор, кој се уште не е спроведен во целост. Киев и проруските сепаратисти меѓусебно се обвинуваат дека другата страна не ги исплонува своите обврски од Договорот од Минск.

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина