Михаил Кавелашвили, остар критичар на Западот, денеска положи заклетва и официјално ги презеде должностите на претседателот на Грузија, во екот на политичката криза во земјата чија влада ги замрзна преговорите за пристапување во ЕУ, што предизвика масовни протести, пренесува Ројтерс.
По неговата инаугурација, поранешната претседателка Саломе Зурабишвили изјави дека ќе ја напушти палатата, но дека ќе остане „легитимен претседател“.
Церемонијата на инаугурација се одржa во зградата на парламентот на земјата, недалеку од претседателската палата, а директно се пренесуваше на веб-страницата на законодавното тело, јави агенцијата РИА Новости.