Катар собори два ирански борбени авиони „Сухој Су-24“

Од:

Министерството за одбрана на Катар денес објави дека катарските вооружени сили собориле два ирански борбени авиони „Сухој Су-24“ од руско производство.

Во соопштението на катарското Министерство се наведува дека воздухопловните сили на Катар успешно собориле два авиони „Сухој Су-24“ кои доаѓале од Исламската Република Иран, како и дека воздушната одбрана пресретнала седум балистички ракети пред да ги достигнат своите цели.

Исто така, се истакнува дека воздухопловните и поморските сили на Катар денес пресретнале пет беспилотни летала кои насочиле кон неколку области во земјата.

Би можело да ве интересира

Се урна катарски воен хеликоптер, не се знае дали несреќата е поврзана со конфликтот на Блискиот Исток

А1он

ВИДЕО: Одмазда на Иран, напади на Катар, Саудиска Арабија и Емирати

ВИДЕО: Нови ирански напади на заливските држави

Катар е нова цел на масовен ирански напад со дронови

Масовен напад од ирански беспилотни летала врз американската база во Кувајт

Нов напад врз Катар, воздушната одбрана ги пресретна ракетите

Горан Наумовски