Каталонските власти ќе одлучат до 15. октомври дали ќе се одржи референдум за независност

Од:

Владата на североисточниот шпански регион Каталонија ќе одлучи до 15 октомври дали ќе се одржи референдум за отцепување од Шпанија.

Каталонија, каде живеат 7,5 милиони жители, која има сопствен јазик и учествува со околу една петтина од бруто домашниот производ на Шпанија, одамна се стреми кон независност. Сепак, централната власт го прогласи референдумот, кој е закажан за 9 ноември, за нелегитимен, а Уставниот суд го забраниi неговото организирање се додека не се произнесе за неговата законитост, што може да трае повеќе месеци или години.

Каталонскиот премиер, Артур Мас се наоѓа под притисок од страна на порадикални застапници за независноста да им се спротивстави на Мадрид и Уставниот суд и да продолжи со подготовката на референдумот.

Во саботата Владата на Каталонија објави соопштение дека одлучила „да преземе законска, политичка и институционална иницијатива да го гарантира правото на одлука за политичката иднина на Каталонија“.

Би можело да ве интересира

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра