Каталонските сепаратисти составија патна карта за независност од Шпанија

Од:

Каталонските сепаратисти составија „патна карта“ за независност од Шпанија, јави ДПА.

Договорот за патната карта беше потпишан од партијата Демократска конвергенција на регионалниот претседател на Каталонија Артур Мас и уште четири партии.

Според овој договор, ако сепаратистите победат на регионалните избори на 27 септември, Каталонија треба да прогласи независност по 18 месеци.

Така, регионалните избори ќе се претворат во референдум. Ако победат, сепаратистите веднаш ќе започнат да подготвуваат проект за каталонски устав.

Регионалните власти на Каталонија направија обид за распишување референдум за независност во ноември минатата година, но шпанскиот Уставен суд го прогласи за незаконски. Сепак, беше одржан неофицијален референдум на 9 ноември.

Шпанската национална влада претходно изјави дека нема да дозволи Каталонија да стане независна. 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски