Каталонските сепаратистички партии не постигнаа договор за настап со единствена кандидатска листа на регионалните избори закажани за 21 декември.
Крајниот рок за регистрирање на коалиција истече вчера на полноќ, без договор меѓу двете најголеми партии кои се залагаат за независна Каталнија – Каталонската европска демократската партија (ПДеЦАТ) на Карлес Пуџдемон и Републиканската левица на Каталонија (ЕРЦ) на Ориол Жункерас.