Каталонските сепаратисти на суд поради референдумот за независност

Од:

Пред Суд во Барселона денеска почна сослушувањето на каталонски функционери, обвинети за кршење на законите поради тоа што минатата година одржаа гласање за независност од Шпанија.

Каталонската министерка за образование Ирене Ригау пристигна во Регионалниот суд во Барселона во придружба на членови на Владата на Каталонија и другите сепаратистички лидери.

По неа пред судијата ќе се појават Хоана Ортега, поранешна заменичка на премиерот во регионалната Влада, а претседателот на Владата Артур Мас и лидер на движењето за независност ќе биде сослушан в четврток.

Тие се обвинети за граѓанска непослушност и ненаменско трошење на јавни средства затоа што одржале незадолжително гласање за независнот во ноември 2014 година, во кое од Каталонците се бараше да се изјаснат дали нивната покраина треба да остане дел од Шпанија.

По излегувањето од Судот по денешното рочиште Ригау изјави дека не им издала „наредби, ниту инструкции“ на вработените во државниот образовен систем за да ги организираат избирачките места во училиштата. Таа тврди дека гласањето го организирале волонтери.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата