Каталонскиот премиер Ким Тора се обидува да договори датум за референдум за независност

Од:

Претседателот на каталонската Влада, Ким Тора, изјави дека сака да договори датум за референдум за независноста на Каталонија, како дел од разговорите со шпанската Влада, напоменувајќи дека патот кон отцепувањето на регионот од Шпанија е неповратен.

Каталонија, автономна покраина со 7,5 милиони жители на североистокот од земјата, доминира на шпанската политичка сцена од 2017 година, откако тамошната регионална влада организираше референдум што беше забранет од Уставниот суд. Самостојноста не заживеа, но односите меѓу Мадирд и Барселона се заострија.

Тора во четвртокот се сретна со шпанскиот премиер Педро Санчез, кој одбива секаква иницијатива која води кон независност, но прифати да има разговори за иднината на Каталонија.

– Ќе бидеме независни, рече Тора за британските медиуими во седиштето на регионалната влада во Барселона. Тој не изнесе рокови, но кажа дека „самостојноста на Каталонија е апсолутно неповратна“.

Каталонија од 1978 година има своја влада, парламент, училишта, болници и полиција, а каталонскиот јазик е службен јазик во сите тамошни институции. Шпанската централна власт од Мадрид управува со надворешната, одбранбената и фискалната политика.

Околу 43,7 отсто од жителите на автономната покраина Каталонија сакаат таа да стане независна држава, додека на тоа се противат 47,9 отсто, покажа анкетата која во ноември ја објави каталонската институција за истражување на јавното мнение Centre d’Estudis d’Opnió (CEO).

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата