Парламентот на Каталонија ја откажа седницата закажана за утре, по преземањето на управувањето на регионот од страна на шпанската влада, изјави денеска извор од законодавниот дом.
Тој потврди дека регионалните власти ја прифатиле наредбата на Мадрид да се распушти Парламентот.
Во петокот, Шпанија ја разреши каталонската регионална Влада и го распушти каталонскиот Парламент, откако властите во Барселона еднострано прогласија независност на Каталонија.
Преземањето на контролата вез Каталонија од страна на централната власт треба да биде тестирано денеска, откако истакнати членови на каталонската администрација изјавија дека не го прифаќаат потегот на официјален Мадрид, а една граѓанска група повика на граѓанска непослушност кон одлуката на властите на Шпанија.