Каталонскиот Парламент ќе гласа за избор на Ким Тора за премиер

Од:

Каталонскиот Парламент денеска ќе гласа за избор на Жоаким „Ким“ Тора за нов претседател на регионалната Влада на Каталонија.

Претседателот на Парламентот, Роже Торент вчера официјално го номинира Тора за функцијата, по консултациите со сите парламентарни партии и ја закажа седницата за денеска на пладне.

Тора, кој важи за приврзаник на тврдокорното крило на каталонските сепаратисти, на седницата ќе ја презентира програмата на наговата влада, по што пратениците ќе треба да гласаат за негов избор на функцијата.

Меѓутоа, Тора најверојатно денеска нема да биде избран за претседател на регионалната Влада, затоа што двете сепаратистички партии кои постигнаа договор за формирање на новата влада – Заедно за Каталонија на Карлес Пуџдемон и Републиканската левица на Каталонија (ЕРЦ), немаат апсолутно мнозинство во Парламентот.

Двете партии имаат 66 пратеници во 135-члениот Парламент, што значи дека за избор на Тора ќе им недостигаат три гласа. Партиите кои се против независноста на Каталонија имаат 65 мандати, а четири пратеници има сепаратистичката Кандидатура на народното единство (ЦУП), која најави дека нема да гласа за изборот на Тора.

Сепак се очекува Тора да биде избран на функцијата при вториот круг гласање в понеделник, кога за негов избор ќе биде потребно просто мнозинство, што би било остварило ако, како што и се очекува, пратениците на ЦУП не гласаат.

Тора беше предложен за претседател на регионалната Влада на Каталонија, откако поранешниот вршител на оваа должност и лидер на сепартистите, Пуџдемон, во четвртокот одби повторно да биде кандидиран за функцијата.

Доколку до 22 мај Парламентот на Каталонија не избере нов претседател на регионалната Влада, тогаш ќе следи негово распуштање и одржување предвремени избори.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата