Каталонскиот парламент изгласа независност од Шпанија.
Со 70 гласа за и 10 гласа против, парламентот прогласи независност откако опозициските пратеници ја напуштија парламентарната сала пред гласањето за независност на Каталонија.
Каталонскиот парламент брои вкупно 135 пратеници.
Шпанскиот премиер Маријано Рахој на Твитер напиша дека „Повторно ќе биде вратена законитоста во Каталонија“.
Шпанскиот Сенат, по денешната расправа за активирање на членот 155 од Уставот на земјата, што предвидува одземање на сите овластувања на каталонските власти, се очекува да спроведат гласање во 16.30 часот по локално време.
Народната партија на шпанскиот премиер Маријано Рахој има мнозинство во Сенатот, со што голема е веројатноста активиранњето на членот да биде прифатено.
Денешната седница на Сенатот почна во 10.00 часот.