Каталонија има намера да се жали на примената на членот 155 од шпанскиот Устав, најави денеска портпаролот на каталонската Влада, Хорди Туруљ.
Членот 155 од Уставот на Шпанија овозможува суспензија на каталонската автономија.
Горниот дом на шпанскиот Парламент планира в петок да ја овласти Владата во Мадрид да ги користи тие посебни овластувања.