Каталонците во редови чекаат отворање на изборните места

Од:

Илјадници граѓани на Каталонија од рано утро се во редови пред изборни места за да гласаат на референдумот за независност на тој богат шпански регион кој централната власт во Мадрид го смета за неуставен.

Дел од граѓаните веќе блокирале врати на изборни места во случај полицијата да се обиде да спречи гласање.

Бирачките места ќе се отворат во девет часот по локално време, но се уште е неизвесно дали гласањето ќе биде одржано. Најавениот референдум е тест на силата на волјата меѓу Мадрид и Барселона.

Шпанската полиција испрати засилување, а во Барселона уште од утрото кон Каталонија се упатени и стотици полициски возила.

Изборната комисија за надгледување на гласањето е расформирана, а илјадници полицајци се распоредени да блокираат влез во изборни места.

Шпанските власти претходно запленија гласачки материјал, но локални медиуми јавуваат дека на изборни места има нови гласачки кутии. Каталонскиот весник Вангардија синоќа објави дека шпанската полиција упаднала во телекомуникацискиот и технолошки центар на каталонската влада.

Каталонски официјални лица порачуваат дека планираат одржување на референдумот без оглед на се и оти оние кои ги поддржуваат ги „бранат“ изборните места со различни активности.

Лидерот на Каталонија Карлес Пучдемон вети дека референдумот за независност на Каталонија, во која живеат 7,5 милиони луѓе, ќе се одржи иако Уставниот суд на Шпанија одлучи дека гласањето е неуставно.

– Нема да се откажеме од своите права. Нема да заминеме дома. Регионалната Влада има се на место за нормално одржување на референдумот, изјави Пучдемон.

Тој повика и на посредување за да се реши „сериозен судир“ меѓу наеговата влада и владата во Мадрид.

Конзервативната влада на шпанскиот премиер Маријано Рахој смета дека референдумот е нелегален и вети дека ќе направи се за да биде спречено гласање.

Шпанската полиција доби наредба да ги испразни сите згради каде се собираат приврзаници на референдумот, а како ќе се однесуваат тие за таа наредба е клуч за успехот или пропаст на планираниот референдум.

Каталонија тврди дека во државниот буџет како најбогата провинција, уплаќа 10 милијарди евра повеќе отколку што добива од Мадрид, додека Андалузија, најсиромашна област добива осум милијарди евра повеќе отколку што уплаќа.

Во 2014 година претходниот лидер на Каталонија Артур Мас организираше необврзувачки референдум на кој повеќе од 80 отсто гласаа за отцепување од Шпанија. Според законот усвоен од локалниот парламент, каталонските лидери наводно може да прогласат независност од Шпанија во рок од 48 часа од гласањето.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата