Во Каталонија денеска се одржуваат избори за членови на регионалниот Парламент, на кои од граѓаните се поставени пред избор меѓу партиите што се залагаат за независност и тие кои се за останување во Шпанија.
Изборите беа распишани од страна на властите на Шпанија, откако Каталонците на 1 октомври одржаа референдум за независност, кој шпанската полиција се обиде да го спречи, а потоа на 30 октомври каталонскиот Парламент прогласи независност. Шпанија одговори со суспендирање на каталонската автономија, апсење на дел од каталонските лидери и распишување нови избори.
Според анкетите, ниту една од партиите нема да освои мнозинство во Парламентот и најверојатниот исход ќе биде подолг процес на создавање на владејачка коалиција.