Катала: Кризата во Каталонија не може да биде решена само со спроведување на избори

Од:

Шпанскиот министер за правда Рафаел Катала истакна денеска, дека политичката криза во Каталонија не може да биде решена само со свикување на регионални избори.

– Нема се да се реши само со свикување на избори, нагласи Катала, и покрај тоа што целта на Владата во Мадрид е спроведување на избори во шпанската област.

Тој оценува дека, доколку каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон се појави прад шпанскиот Сенат, тоа би претставувало позитивен чекор за понатамошното изнаоѓање на решение за конфликтот меѓу шпанската Влада и властите во Каталонија.

Во саботата, шпанскиот премиер Маријано Рахој објави дека го активира членот 155 од шпанскиот Устав, што предвидува отстранување на Пуџдемон и каталонската Влада.

Во однос на тоа, шпанскиот министер за правда наведе дека „од правна и формална гледна точка“ каталонските регионални лидери не можат да не ја почитуваат одлуката за нивно отстранување.

– Кога ќе биде објавена одлуката, Пуџдемон ќе ги изгуби сите овластувања, појасни Катала.

На 27 октомври Горниот дом на шпанскиот Парламент ќе ги разгледа мерките кои се предложени од шпанската Влада.

На 1 октомври во Каталонија беше спроведен референдум за независнот. Од вкупно 5,31 милиони лица кои имаат право на глас, гласаа 2,28 милиони лица, од кои 90 отсто гласаа „за“ независност.

Централната Влада во Мадрид го прогласи референдумот за неуставен и одби да ги прифати резултатите.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата