Катајнен: Глупаво е ЕУ да прави отстапки кон Британија на своја штета

Од:

Потпретседателот на ЕК Јирки Катајнен денеска изјави дека би била „глупава работа“ ЕУ да направи отстапки кон Британија, кои би го ставиле Брисел во неповолна позиција само за да се постигне договор за Брегзит.

-Нема причина за какви било отстапки кон Британија, која знае за последиците од напуштање на Унијата, изјави Катајнен, кој е и комесар на ЕУ задолжен за вработување, раст, инвестиции.

Тој во текот на посетата на Кипар наведе дека ЕУ преговара во добра вера и оти постигнала добар договор, кој го отфрли британскиот Парламент.

Катајнен вели и оти не гледа „многу простор за маневар“ кога станува збор за договор, кој ќе спречи враќање на царинската контрола меѓу Ирска и Северна Ирска.

Би можело да ве интересира

Стармер најави план од четири точки за да и помогне на Украина

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп