Поранешниот лидер на Куба, Фидел Кастро повика на воздржаност на Корејскиот полуостров и додаде дека Пјонгјанг треба да мисли на своите „пријатели“.
Кастро во првата колумна во последните девет месеци, објавена на државните медиум, предупреди на долгорочното влијание од нуклеарната војна во Азија и пошироко.
Тој нагласи дека Хавана отсекогаш била и ќе продолжи да биде сојузник на Северна Кореја, но го повика Пјонгјанг да ги земе во обзир и интересите на своите „пријатели“.
Кастро истакна дека доколку дојде до војна тоа ќе резултира со тоа што американскиот претседател Барак Обама ќе биде претставен како најлоша личност во историјата на САД.
Елена Георгиевска