Лидерот на кубанската револуција Фидел Кастро испрати порака до заменик претседателот на Венецуела Николас Мадуро, во која наведе дека „лекарите се борат со оптимизам“ за оздравување на венецуелскиот претседател Хуго Чавез, јавија денес кубанските медиуми.
Чавез моментално се наоѓа на пост-оперативен третман во клиника во Хавана.
„Името на Уго Чавез го инспирира и предизвикува почит во целиот свет, сите, па дури и многу од неговите противници, сакате негово брзо закрепнување. Лекарите со оптимизам се борат да стигнат до таа цел“, се наведува во писмото, испратено вчера во Каракас по повод осумгодишнината од формирањето на Боливаријанскиот сојуз на народите на нашата Америка (Bolivarian Alliance for the Peoples of Our America, ALBA)
Долгогодишниот лидер на Куба, како што соопшти новинската агенција РИА Новости истакна дека Венецуела со Чавез „ги развила односите со Русија, Белорусија, Украина и другите републики од поранешниот Советски Сојуз, не ја заборави ни Палестина, ни Либија, а особено внимание се посветува на економските врски и политички односи со Кина“.
Алба е основана на иницијатива на Кастро и Чавез во 2004.година , како противтежа на американската иницијатива за слободна економска зона на двете Америки.
Чавез во вторникот по четврти пат е опериран од тумор, потсетува руската агенција.