Кастро ја обвини Украина за катастрофата на патничкиот авион

Од:

Поранешниот кубански лидер Фидел Кастро ја обвини украинската Влада во Киев за соборување на патничкиот авион на малезиската авиокомпанија „Малезиа ерлајнс“.

Во изјава, објавена денеска од државните медиуми, Кастро изјави дека авионот летал над територија контролирана од „агресивната влада“ на украинскиот претседател Петро Порошенко“.

Тој потсети за кубанската помош за Украина по нуклеарната катастрофа во Чернобил и изјави дека Хавана е подготвена да укаже помош и во иднина, но не може да не ги осуди дејствијата на „антируската, антиукраинската, проимперијалистичката влада“ на Порошенко.

Би можело да ве интересира

Куба почна да ослободува затвореници како дел од преговорите со Ватикан

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од 5,9 степени ја погоди Куба

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ