Кастро до Мадуро: Венецуела никогаш нема да биде сама

Од:

Кубанскиот претседател Раул Кастро, во име на кубанскиот народ, им ја честиташе на Венецуелците победата на изборите и формирање на уставотворно собрание и повтори дека Венецуела, како ни до сега ,никогаш нема да биде осамена и дека може да смета на народот на Куба.

Во писмото упатено до претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, Кастро наведе дека со „длабока револуционерна радост дознал за исходот од изборите и формирањето на Националното уставотворно Собрание, пренесува Танјуг.

– Надвор од секое сомнение, овој политички успех е голема лекција која ја претвори Венецуела во значаен симбол на нашиот континент, како што Фидел (Кастро) објасни во неговата кристално чиста визија. Луѓето зборуваат гласно и јасно дека ќе останат верни на наследството на Симон Боливар и претседателот Уго Чавез, напиша Кастро во писмото.

Според неговите зборови, искуството покажало дека „кој било терористички чин го зголемува моралот на народот, секоја агресија ги прави посилни, а секој удар го зајакнува единството“.

– Сигурно, денови на тешка борба, меѓународно малтретирање, блокади, сиромаштија е пред вас, но ќе има и денови на создавање и работа за револуционерите и целокупниот народ на Венецуела, истакна Кастро во писмото.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“