Кашоги планирал книга за една нова Саудиска Арабија инспирирана од американскиот систем

Од:

Новинарот и колумнист на весникот „Вашингтон пост“ Џамал Кашоги, подготвувал книга за визијата на една нова Саудиска Арабија, инспирирана од американскиот систем, јави агенцијата Анадолија.

Американскиот весник наведува дека Кашоги неколку месеци пред убиството работел на книга за реформи во Саудиска Арабија, која наликува на книгите кои се познати како „отворање очи“.

Во колумната на Дејвид Б.Отавеј се наведува дека Кашоги планирал на книгата да ѝ го даде насловот „САД за Саудијците“ или „Поедноставена Америка за Саудијците“.

Планот бил на едноставен начин на саудиските читатели да им го објасни американскиот живот и на Арапите воопшто. Фокусот требало да биде на школувањето, реформите во образованието и контролата на јавните средства.

Џамал Кашоги, новинар и колумнист на весникот „Вашингтон пост“, беше убиен на 2 октомври мината година во саудискиот Конзулат во Истанбул.

Турското Обвинителство откри дека тој е брутално задавен по влегувањето во Конзулатот и оти неговото тело е распарчено и уништено.

Властите на Саудиска Арабија дополнително признаа дека Кашоги е убиен и оти не го напуштил Конзулатот, како што првично тврдеа. Потоа поднесоа обвинение против 11 осомничени за убиство, а тамошното Обвинителство побара изрекување на смртни казни за петмина првообвинети, потсетува Анадолија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ