Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи во интервју за британскиот весник „Гардијан“ изјави дека безбедноста во провинцијата Хелманд била подобра пред таму да пристигнат британските војници.
– Хелманд беше помирна провинција пред 2006 година пред таму да дојдат британските и американските војници, посочи Карзаи, додавајќи дека Авганистанците не ги интересира дали Западот смета дека мисијата пропаднала, туку тие единствено сакаат обвнова на земјата.
Карзаи кој денеска треба да се сртетне со британскиот премиер Дејвид Камерон и со пакистанскиот претседател Али Зардари изрази сомневање дали во последните десет години меѓународните сили војувале во Авганистан „таму каде што требало“.
Авганистанскиот претседател наведе дека не е сигурен дали западните сили се повлекле од Авганистан бидејќи сфатиле дека мисијата им е грешка или оцениле дека успешно ги разбиле авганистанските терористички групи.