Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска изјави дека за смртта на 17 луѓе, од кои 12 деца, убиени во минатонеделниот воздушен напад во источниот дел на земјата, виновни се талибанските бунтовници и американската војска.
Изјавата на Карзаи уследи по конечната истрага за нападот од 6 април при што загинаа 12 деца, четири жени и еден маж. Во нападот загина американски државјанин, кој работел како советник во цивилна служба.
Во извештајот се наведува дека американскиот напад бил преземен откако екстремистите ги нападнале припадниците на авганистанската разузнавачка служба кои се обидувале да уапсат двајца команданти на бунтовниците во провинцијата Кунар.