Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи вети дека ќе биде неутрален на претседателските избори во април, на кои тој нема да учествува.
– Јас ќе останам неутрален, како и моите двајца заменици-претседатели. Се разбира, ние како индивидуи имаме свои ставови. Но, можам да ви ветам дека нема да дозволам Владата да биде искористена во корист на еден или друг кандидат, посочи Карзаи.
Според авганистанскит Устав, претседателот нема право да се кандидра за трет мандат. Како кандидати се јавуваат братот на Карзаи, Кајум Карзаи, како и неговиот близок соработник поранешниот министер за надворешни работи Залмај Расул.