Карзаи разговараше за отворање канцеларија на талибанците во Катар

Од:

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска разговараше со катарскиот емир за можноста за отворање на канцеларија на талибанското движење во Доха, што би можело да ги олесни мировните преговори заради ставање крај на долгогодишните судири во Авганистан.

Карзаи со шеикот Хамад бин Калифа ал Тани разговараше за „прашања од заеднички интерес“, јави катарската агенција, не наведувајќи детали за разговорите во Доха.

Карзаи претходно се противеше исламските екстремисти да имаат свое претставништво во Катар, стравувајќи дека неговата Влада би била исклучена од преговорите.

Исламистите одбиваат да имаат директни контакти со авганистанскиот претседател бидејќи тврдат дека тој е марионета на САД.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан