Карзаи побара странските сили да се повлечат од авганистанските села

Од:

Војниците на САД и НАТО, кои вршат предавање на одговорностите за безбедноста на авганистанските сили, треба да ги напуштат селата во земјата што е можно побрзо, изјави денеска претседателот на Авганистан Хамид Карзаи.

Карзаи, во своето обраќање на конференцијата за изработка на надворешно-политичка стратегија на Авганистан за следните три години, изјави дека меѓународните сили ќе ја прекинат својата борбена мисија до крајот на 2014 година, но според него претходно авганистанските сили ќе преземат контрола за безбедноста во целата земја. Според Карзаи колку побрзо заврши трансферот, толку подобро.

Претседателот на Авганистан изрази барање меѓународните сили да ги напуштат авганистанските села, да се вратат во базите и полека да се повлечат од нив.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан